СОВЕТУВАМЕ: Патувајте со воз низ Европа, но низ Балканот….
Туристите кои доаѓаат во посета на Европа, често се советуваат да патуваат со воз, а не со авион или автомобил. Возовите се сметаат за веродостојни, брзи и релативно евтини. Но едно ново истражување покажува дека постојат големи разлики во однос на ова во рамките на Европа. Патувањето од Лондон до Париз се случува за помалку од четири часа, но истото растојание во Источна Европа се поминува за повеќе од 22 часа.
Питер Керпеџиев, докторант на Универзитетот во Виена во Австрија, има собрано податоци кои нудат детални информации за железничката мрежа во Европа. Тој избрал 28 европски градови и покажал за колку време може да се патува од регион до регион.
Следните карти ги илустрираат најинтересните заклучоци до кои дошол во студијата.
Ако преферирате да патувате брзо, тргнете од место, што е блиску до Париз или Лондон
Најбрзите железнички мрежи се во западниот дел на континентот. Лондон, Париз и Брисел се меѓусебно поврзани со голема брзина.
Париз не само што има лесен пристап до различни места во сопствената земја и до Лондон, туку и до Германија.
"Келн е на малку повеќе од три часа пат", коментира Керпеџиев.
Источна Европа е лошо поврзана
Во споредба со Западна Европа, источните делови на континентот заостануваат сериозно во развојот на железничката мрежа.
"Потребно е малку повеќе од осум часа, за да се дојде од Париз до Берлин со воз, додека скоро истото растојание меѓу Софија и Сараево трае 46 часа", вели авторот на студијата.
Белград во Србија е добро поврзан, но Подгорица во Црна Гора е речиси одвоена од останатите делови на Европа.
Скандинавските земји се добро поврзани
Покрај ниската густина на население и долгите растојанија помеѓу големите градови, железницата во Скандинавија е изненадувачки брза.
Од Стокхолм во Шведска можете да стигнете до главниот град на Норвешка, Осло, како и до оној на Данска, Копенхаген, за помалку од осум часа. Поголем дел од податоците се базираат на информации обезбедени од Швајцарската агенција за јавен превоз.
"Едно од ограничувањата е дека не сите распореди во Европа се на располагање, а некои од патиштата се исчезнати", коментира Керпеџиев.
Кој е најдобриот пат за туристите?
Потпирајќи се на податоците, авторот им препорачува на туристите да заминат од Лондон, Брисел или Париз и да ги користат брзите возови. Потоа маршрутата може да ги однесе до Женева во Швајцарија, а за целта да се искористи експресниот TGV воз.
Како алтернатива може да послужат Келн, Хамбург или Берлин во Германија. За финале патувањето може да помине низ Копенхаген во Данска.
Самиот Керпеџиев наведува дека тој би избрал ноќен воз од Париз до брегот на Средоземното море или од Келн до Прага и Виена.
K.K.

Слично