Советските тенкови се како Лада, а Леопард како Мерцедес - кој го тврди ова?
Тенковите Леопард 2 се како Мерцедес, вели украински војник на обука во Германија. Тој вели дека овие тенкови и советските се разлика како Мерцедес и Лада.
„Од клучно значење е мудро да го користиме ова модерно оружје, тоа ќе донесе пробив и на крајот ќе победиме“, рече 57-годишниот војник.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба минатиот месец изјави дека очекува да добие 120 до 140 западни тенкови. Европските земји ќе обучат околу 15.000 украински војници.
Слично
