Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советникот на Зеленски се плаши дека Западот ќе им креира нов договор по примерот на тој од Минск

Советникот на Зеленски се плаши дека Западот ќе им креира нов договор по примерот на тој од Минск

Украина стравува дека Западот ќе понуди нова верзија на Минскиот договор кој претходно го потпишале. 

Советникот на претседателот на Украина,  Олексеј Арестович стравува дека западните политичари од Германија, Франција и Италија ќе се обидат да склучат уште еден мировен договор како што е Минск II за време на нивната посета на Киев.

Арестович вели дека со оглед на наводните воени злосторства во Буча, барањето на Западот да му се дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да го „спаси образот“ би било несоодветно.

„Ќе речат дека мора да ја прекинеме војната, која создава проблеми со храната и економијата, дека Русите и Украинците умираат, дека мора да го спасиме лицето на господинот Путин, дека Русите згрешиле, дека мора да им простиме и да им дадеме шанса да се вратам во светското општество“, изјави Арестович за германски Билд

Францускиот претседател Емануел Макрон, претходно изјави дека Украина во одреден момент ќе мора да разговара со Русија за да се стави крај на војната. Тој спомена да не се понижува Русија, но за оваа негова изјава имаше реакции. Војната во Украина почна пред 113 дена. 

Последните две недели има жестоки борби во Донбас, со што и бројот на жртви расте. 

фото president.gov.ua

Слично

Поврзани вести