Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советник на Зеленски си поднесе оставка за „непромислена“ изјава

Советник на Зеленски си поднесе оставка за „непромислена“ изјава

Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Олексеј Арестович, поднесе оставка по изјавата дека украинските воздухопловни сили собориле руски проектил онаму каде што не треба и дека тој дури потоа ја погодил зградата во градот Дњепар, во која загинаа 41 цивил. 

На 14 јануари Арестович изјави дека украинските сили за воздушна одбрана собориле руска ракета истрелана врз градот Дњепар и дека таа паднала врз повеќекатница, пренесува Интерфакс Украина.

Противвоздушните сили на Украина веднаш го демантираат ова. Подоцна, претставник на кабинетот на Зеленски изјави дека зградата во Дњепар била уништена од руска крстосувачка ракета Х-22 и дека „ниту една ракета за противвоздушна одбрана не можела да предизвика дури половина од тоа уништување“.

Министерството за одбрана на Русија по нападот демантираше дека цел на нападот било цивилно население.


Слично

Поврзани вести