СОВЕТНИК НА ПУТИН: СССР сè уште постои правно
Советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Антон Кобјаков вели дека од правна гледна точка, Советскиот Сојуз сè уште постои, бидејќи неговото распаѓање во 1991 година беше формализирано со кршење на процедурата, пренесува ТАСС.
„Советскиот Сојуз сè уште постои во правна смисла - нешто што експертите за уставно право, вклучително и оние од западните земји како што се Соединетите Американски Држави и Франција, одамна го признаваат. Ова е затоа што процедурата за таканареченото распаѓање на СССР беше прекршена. Бидејќи Конгресот на народните пратеници (исто така познат како Конгрес на советите) го основа СССР во 1922 година, тој требаше да биде распуштен со одлука на истиот тој Конгрес. Ако правната постапка не беше спроведена правилно, тогаш, според експертите за уставно право, СССР сè уште постои правно“, објасни Кобјаков.
Вели дека ако Советскиот Сојуз не беше правно распуштен, тогаш, на пример, украинската криза можеше да се смета за внатрешно прашање, а не за меѓународен конфликт
