Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советничката на Трамп задолжена за Блискиот Исток си поднесе оставка

Советничката на Трамп задолжена за Блискиот Исток си поднесе оставка

Заменик советничката за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп задолжена за Блискиот Исток, Дина Пауел во следните денови ќе поднесе оставка на функцијата, информираа неименувани извори во Белата куќа. 

Оставката следи откако во средата Трамп донесе одлука за признавање на Ерусалим за израелски главен град и нареди да почне постапка за преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во „Светиот град“.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс рече дека признавањето на Еруслаим за главен град на Израел и нејавената оставка на Пауел не се поврзани.

Вели дека Пауел уште претходно најавила дека има намера да остане на функцијата само една година, по што планира „да продолжи да работи на прашања поврзани со Блискиот Исток“.

Пауел, која е родена во Египет во коптско семејство, беше дел од тимот на зетот на Трамп и негов советник Џаред Кушнер, со обврска да работи за обнова на израелско-палестинските мировни преговори. 

Кушнер коментирајќи ја оставка на Пауел изјави дека таа „ќе продолжи да игра централна улога во напорите за мир“ на Блискиот Исток. 

Слично

Поврзани вести