Совети од Сноуден за да се заштитите од шпионирање
Совет од Сноуден до целата планета: Лепете фластер преку камерата на компјутерот за помалку ве шпионираат.
„Користете фластер. Лепете го преку камерата на вашите лап топови. Тоа нема да му штети на вашиот компјутер. Ако ви треба да ја користите камерата, симнете го фластерот. За телефонирање можете да користите шифрирани програми кои сега се бесплатни. Добро е да инсталирате блокатори за реклами и антивирусни програми. Сепак водете сметка, тоа ќе ве заштити од хакери, но не и од специјални служби“ - советува тој.
Авторот на филмот Сноуден, оскаровецот Оливер Стоун бил директно прашан дали лепи фластер на камерата на лап топот, на што одговорил кратко „Да, нормално“.
Бившиот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден јавно ги советуваше луѓето како да се заштитат од шпиунажна и хакери.
Филмот Сноуден беше прикажан во повеќе градови во САД, по што тој подели совети.
Тој кажа дека една иста лозинка не се користи за повеќе сајтови.
Сноуден рекол дека тој ги практикува овие методи кои ги споделил со јавноста.
