Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТ НА НАЈБОГАТИОТ КИНЕЗ КОЈ ТРЕБА ДА ГО ПОСЛУШАТЕ: Што да правите на 20, 30,40, 50 години…

СОВЕТ НА НАЈБОГАТИОТ КИНЕЗ КОЈ ТРЕБА ДА ГО ПОСЛУШАТЕ: Што да правите на 20, 30,40, 50 години…

Интернет претприемачот Џек Ма, и покрај острите критики, својот прв работен чекор го направил успешен бизнис. Во прашање е денес познатиот сајт Алибаба, вреден речиси 200 милијарди.

Од овој претприемач може многу да се учи. Како ни пари, добри совети не му недостасуваат.

„Еднаш во животот обиди се нешто. Работи напорно за нешто. Обиди се да промениш нешто. Ништо лошо не може да се случи“, рекол Џек Ма.

Не грижете се секоја грешка е приход, тоа си го кажувам на себе и на моите млади луѓе. Не грижете се, кога паднете, станете.

-Кога имате 20 години, бидете добри студенти. Влезете во претприемништвото и стекнете мало искуство!

-Пред 30 години, следете некој. Одете во мала компанија. Обично, во голема компанија е добро да се учат процеси. Вие сте дел тогаш од голема машина. Но кога одите во мала компанија, вие ќе научите што е страст, ќе научите да сонувате. Научете како да работите повеќе ствари со време. Пред 30 години не се работи за тоа во која компанија ќе отидете, туку кој шеф го следите. Тоа е многу важно. Добриот шеф ве учи поинаку.
-Од 30 до 40 години мора да мислите побистро кога работите за себе. Ако навистина сакате да бидете претприемачи.

-Од 40 до 50 години мора да ги правите сите тие работи во кои сте добри. Не обидувајте се да влегувате во нови области. Веќе е доцна. Може ќе бидете успешни, но процентот на умирање е преголем.

Затоа од 40 до 50 години мислете на тоа како да се фокусирате на работите во кои сте добри.

-Но кога имате од 50 до 60 години, работете за млади луѓе, бидејќи младите луѓе може да направат подобро од вас. Затоа потпрете се на нив и инвестирајте во нив и погрижете се да бидат добро.

-Кога имате веќе 60 години, потрошете го времето на себе, на плажа. Уживајте“, го дава советот Џек Ма.

Погледнете го видеото тука.

Слично

Поврзани вести