Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБАТА ВО КАБУЛ НЕ СЕ СМИРУВА: Целиот аеродром е посеан со чаури и шок бомби

СОСТОЈБАТА ВО КАБУЛ НЕ СЕ СМИРУВА: Целиот аеродром е посеан со чаури и шок бомби

Репортерот на РТ Мурад Газдијев сцените што тој со екипата ги виде на аеродромот Хамид Карзаи во Кабул ги спореди со сцени од апокалиптичен филм за зомби, по една недела бурни евакуации од САД и нивните сојузници.

Во Кабул состојбата не се смирува. 

„Она што се случува овде Американците го викаат ‘Светска војна З’, мислејќи на филмот со зомби во кој глуми Бред Пит. Јасно е зошто. Ситуацијата е ужасна. Таму е најцрна темница, истакна тој, опишувајќи ја ситуацијата на аеродромот. Целиот аеродром е посеан со чаури и шок бомби. Сè, буквално сè, е покриено со бодликава жица. Целата писта е обложена со бодликава жица. Не минуваат ниту 10 минути без истрел на аеродромот, каде што Американците ги плашат похрабрите локалци, или пукаат во близина на главниот влез, каде веќе талибанците ги обесхрабруваат потенцијалните бегалци“, вели новинарот. 

Жени и деца си часови чекаат на сонце, опиша тој. 

Слично

Поврзани вести