Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБАТА СО КОВИД ВО ЕВРОПА ЗАГРИЖУВАЧКА: СЗО алармира-ова е единствениот регион во светот каде има застрашувачки подем

СОСТОЈБАТА СО КОВИД ВО ЕВРОПА ЗАГРИЖУВАЧКА: СЗО алармира-ова е единствениот регион во светот каде има застрашувачки подем

Бројот на случаи на корона вирусот се зголемува во Европа петта последователна недела, што ја прави единствениот светски регион каде случаите на Ковид-19 сè уште се во загрижувачки подем, објави Светската здравствена организација во средата. Во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција соопшти дека новите случаи скокнале за 6 отсто во Европа во споредба со зголемувањето од 18 отсто претходната недела. Неделниот број на нови инфекции во другите региони или паднал или останал приближно ист, се вели во извештајот.

Најостри падови се забележани на Блискиот Исток, каде што новите случаи се намалени за 12%, и во Југоисточна Азија и Африка, каде што се намалени за 9%.

Севкупно, на глобално ниво се пријавени 3 милиони нови неделни случаи, се наведува во извештајот. Бројот на смртни случаи од СОВИД-19 ширум светот се зголеми за 8%, поттикнат главно од Југоисточна Азија, каде што смртните случаи се зголемија за 50%.

Стапката на инфекција со корона вируотс е убедливо највисока во Европа, која пријави околу 192 нови случаи на 100.000 луѓе, па во Америка, која имаше околу 72 нови случаи на 100.000.

Неколку земји во Централна и Источна Европа забележаа пораст на дневниот број случаи во последниве недели. Инфекциите во Чешка се зголемија за 9.902 за еден ден, објави чешкото Министерство за здравство во средата. Тоа беше околу 60 отсто повеќе од една недела порано и највисоко дневно зголемување од 23 март, соопшти Министерството.

Земјата имаше 7-дневна стапка на инфекција од 386 луѓе на 100.000, речиси двојно повеќе од бројката од пред една недела. Владата соопшти дека вирусот се шири најмногу меѓу луѓето кои се невакцинирани.

Полското Министерство за здравство во средата објави највисок дневен број на нови случаи во земјата од април, со над 10.400, или 20% повеќе од една недела порано. Министерството соопшти дека повеќе од 120 луѓе со СОВИД-19 починале во текот на 24 часа.

Во Германија, шефот на националниот центар за контрола на болести рече дека стапките на инфекција се зголемиле „брзо“, со значително повеќе пациенти на интензивна нега, а смртните случаи се движат над 100 дневно.

„За жал, четвртиот бран се развива токму онака како што се плашевме, бидејќи не се вакцинирани доволно луѓе и затоа што мерките веќе не се спроведуваат доволно“, рече претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер во Берлин. Институтот Роберт Кох на чие чело е Вилер објави 20.398 нови случаи во изминатите 24 часа, со што стапката на нови инфекции е 146,6 на 100.000 жители во текот на изминатата недела. Пријавени се уште 194 смртни случаи, со што вкупниот број на Германија досега е над 96,000.

СЗО соопшти дека континуираниот пораст на потврдени случаи низ Европа е поттикнат најмногу од Британија, Русија, Турција и Романија, покажа извештајот.

Некои научници се загрижени дека слабеењето на имунитетот од вакцините низ Европа може да овозможи уште повеќе луѓе да се разболат од Ковид-19 во текот на зимската сезона.

СЗО сепак остро ги критикуваше богатите земји за воведување програми за засилување вакцини, додека поголемиот дел од сиромашните земји допрва треба да аплицираат вакцини на нивните најранливи популации. Истовремено СЗО информира дека варијантата делта која полесно се шири останува доминантна ширум светот и продолжува главно да ги потиснува другите варијанти; повеќе од 99% од примероците на Ковид-19 секвенционирани од меѓународна база на податоци беа делта варијанта.

Се вели дека ширењето на делтата е малку побавно во некои делови на Јужна Америка, каде што другите варијанти, вклучувајќи ја и варијантата mu, претставуваат голем дел од случаите.


Слично

Поврзани вести