Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Фицо ќе се опорави дури до крајот на годината?

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Фицо ќе се опорави дури до крајот на годината?

Словачкиот премиер Роберт Фицо би можел да биде целосно здрав до крајот на годината, oткако месецов во него пукаше словачки писател на возраст од 71 година и го повреди. 

Тој според прелиминарните проценки, би можел да биде целосно здрав до крајот на годината. За состојбата со неговото здравје  денеска говореше Јан Рихтер, шеф на пратеничката група Смер во словачкиот Парламент. Целосно закрепнување значи дека и премиерот ќе ја помине и рехабилитацијата, објави Словачка Правда.

„Ситуацијата е сè уште многу сериозна“, рече Рихтер. 

Додава дека Фицо покажува одреден напредок. Тој вели дека мора да има верба дека нешто неочекувано нема да се случи.

На 15 мај,  Јурај Цинтула го застрела Фицо. Тој заврши во притвор и кажал дека не се согласува со политиките на Фицо. Словачкиот премиер во тешка состојба тогаш заврши во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција.

Цинтула се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор. По нападот на Фицо, и други политичари добија закани по живот, како и полскиот премиер Доналс Туск. 

foto CZECH REPUBLIC DIPLOMACY V4

Слично

Поврзани вести