Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА: Русија ги повика украинските војници во Покровск и Купјанск да се повлечат

СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА: Русија ги повика украинските војници во Покровск и Купјанск да се повлечат

Русија ги повика украинските војници кои се близу Покровск и Купјанск да се предадат. 

„Позицијата на украинските трупи во близина на Купјанск и Красноармејск (Покровск) стана критична“, соопшти руското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека украинските единици се во таканаречени „котли“ и трпат големи загуби под нападот на руските сили.

Според соопштението, руските трупи ја продолжуваат офанзивата, додека украинските групи се „целосно притиснати“ и, како што наведува Москва, немаат шанси за повлекување.

„Денес, позицијата на украинските групи, притиснати во „котли“ во близина на Купјанск и Красноармејск, нагло се влошува. Тие трпат големи загуби поради ударот и напредувањето на нашите трупи и немаат шанси за спас освен доброволно предавање“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското министерство се осврна и на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно изјави дека украинските сили „го исчистиле Купјанск од до 60 преостанати руски војници“.

Москва го нарече тврдењето „целосно губење на допир со реалноста“. Војната почна на 24 февруари во 2022 година.

foto EPA/VALDA KALNINA

Слично

Поврзани вести