„Сосиете женерал“ со половина милион евра загуба во четвртиот квартал лани
Втората најголема француска банка „Сосиете Женерал“, во четвртото тримесечие на минатата година, забележала загуба од 476 милиони евра. Како што пишуваат француските медиуми, наспроти овие податоци банката истиот период во 2011 година евидентираше нето -профит од 100 милиони евра.
„Овие резултатите за работењето на „Сосиете женерал“ се последица на новите правила за долгот, кој ги принуди банките да забележат загуба, доколку вредноста на нивниот долг расте“ соопштуваат од банката.
„Сосиете Женерал“ е под притисок изминатите години да ја подобри својата финансиска стабилност, откако беше тешко погодена поради влијанието на грчката должничка криза.
Слично
