Соседна земја на Македонија забрани влез на возила со руски таблички
Началникот на граничната полиција Антон Златанов потврди дека во Бугарија од вечерва се забранува влез на автомобили со руски регистaрски таблички.
Рече дека е забранет и превозот на стока. Златанов не објасни колку автомобили месечно влегуваат во Бугарија, но додаде дека „нема многу“.
„Работевме многу активно од четврток до вчера. Сигурен сум дека до крајот на денот ќе стапи на сила забраната за влез на руски автомобили и на територијата на Бугарија, а сакам да додадам дека за камиони функционира веќе неколку месеци“, изјави шефот на граничната служба, пренесе бугарскиот весник 24 часа.
Забраната ЕК ја воведе на 11 септември и веќе функционира во Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Финска, а од денеска и во Норвешка.
фото TAСС
