СОРОС: Путин е поголема закана за постоењето на ЕУ дури и од Исламска држава
Милијардерот Џорџ Сорос за денешниот број на британскиот весник Гардијан напишал колумна во која тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е поголема закана за постоењето на Европа од Исламска држава, бидејќи според него, руската интервенција во Сирија предизвикува преселба на милиони луѓе во Европа . Сорос во неговата колумна наведува дека лидерите на САД и ЕУ прават тешка грешка кога мислат дека Русија претставува потенцијален сојузник во борба против Исламска држава, и тврди дека целта на Путин е поттикнување на распад на ЕУ, за жал што е најдобар начин поплава на Европа со сириски бегалци.
Тој тврди дека руските авиони го бомбардираат цивилното население во јужна и северна Сирија, што околу 100 000 луѓе ги натерало да избегаат кон Јордан, Либан и Турција, и дека бранот кој не може да се запре ни со напорите на Ангела Меркел која неодамна се обиде да направи спогодба со Анкара во врска со запирањето на новиот бран на преселба кон ЕУ.
„Путин е надарен тактичар, но не и стратешки мислител. Не постои прична да се верува дека интервенирал во Сирија за по пат на бегалската криза да ја влоши состојбата во Европската унија. Навистина, неговата интервенција била стратешка грешка, бидејќи го вплетка со претседателот на Турција Ердоган, што ги загорзи нивните интереси. Но кога Путин видел шанса да го забрза распадот на ЕУ, тој ја искористил, правдајќи ги своите дејства со борба против заедничкиот непријател, како што тоа го направи и во Украина“, пишува Сорос.
Милијардерот тврди дека е „тешко да се разбере зошто лидерите на САД и ЕУ не му судат на Путин за неговото однесување“, и предупредува дека Русија и ЕУ сега се во трка со времето кој прв ќе се распадне. Тој смета дека Русија е пред банкрот и дека во 2017 во неа може да избијат нереди и превирање бидејќи санкциите и падот на цената на нафтата влијаат Путин да не може да обезбеди финансиска стабилност и пораст на животниот стандард на руските граѓани.
„Најефикасен начин режимот на Путин да избегне колапс е да предизвика ЕУ прва да се урне. Поделена ЕУ нема да биде во состојба да ги одржи санкциите наметнати на Русија и Путин ќе може да стекне значајна економска корист од поделбата на Европа, и комерцијална експлоатација во врска со анти-европските партии кои внимателно ги негува.
Како што сега стојат работите, ЕУ ќе се распадне. Од финансиската криза во 2008 и доцните пакети за спас на Грција, Еу научи да се носи со последователни кризи, но денес се соочува со пет или шест кризи во исто време, што може да се покажат како премногу. Како што Меркел правилно предвидела, мигрантската криза има потенцијал да ја уништи. Иднината на Европа ќе го обликува она што сега се случува во Алепо“, пишува Џорџ Сорос.
Тој на крајот заклучува дека е подобро за лидерите да се спротивстават на суровата реалност кога се во смртна опасност, и дека трката за опстанок се спротивставува на ЕУ против Путинова Русија. Според него, Исламска држава претставува заедничка закана, но таа не би требало да биде преценета, бидејќи нападите на џихадистите не можат да се споредат со заканата која доаѓа од Русија.
„ИСИС (и ал-Каеда пред него) ја препозна Ахиловата пета на западната цивилизација-нејзиниот страв од смртта - и научи како да ја искористи. Но, ќе биде тешко да се спротивстставиме на заканата која доаѓа од Путновата Русија. Пропустот таа да се препознае, задачата ќе ја направи уште потешка“, заклучува Сорос на крајот на својата колумна.
(The Guardian -Обработка И.С)


