Сорос предупредува: Кризата од 2008 се разгорува…
Одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија предизвика криза на финасиските пазари како тие од 2007 и 2008, изјави милијардерот Џорџ Сорос.
Сорос во обраќањето пред Европскиот парламент рекол дека очекува кризата да се распламти. „Многу е веројатно дека ќе зајакнат дефлаторните притисоци, кои веќе преовладуваа“, наведува тој.
„Банкарскиот систем на континентална Европа уште не се опоравил од претходната финансиска криза, а сега ќе биде на сериозен тест“, наведува Сорос.
„Ние знаеме што мора да се направи. За жал, политичките и идеолошки несогласувања во еврозоната застанаа на патот користејќи го европскиот стабилизационен механизам како поддршка, рекол инвеститорот.
Сорос предупреди дека може да се покаже дека излезот на Велика Британија „е дури поголема несреќа“ од најлошата бегалска криза на континентот уште од Втората светска војна.
Во обраќањето пред ЕП, Сорос рекол дека бегалската криза веќе била најголем проблем за Европа, но дека сега Брегзит ја преземал клучната улога.
