Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сорос најде нов начин „да прави пари“ - милијардерот влегува во нов бизнис

Сорос најде нов начин „да прави пари“ - милијардерот влегува во нов бизнис

Инвеститорот Џорџ Сорос најде нов начин за заработка - вложува во контроверзниот пазар на наплата на оштета од судски спорови.

Неговиот фонд нуди инвестициони портфолија од судските спорови во Америка. Како што се наведува, ќе ја финансира компанијата под името Mighty Group, која ќе им дава акции на оние кои поднесат тужба пред судот во замена за нагодување.

Се претпоставува дека за правни пребарувања кои се на пример поврзани за сообраќајна несреќа или повреда на работа, ќе дава 2000 долари во замена за порамнување.

Фондот наишол на критики дека поради овие цифири многумина ќе се одлучат да тужат и без основа. Меѓутоа, заговорниците на овие идеи и компании кои се занимаваат со слична работа тврдат дека само им помагаат на жртвите да добијат соодветен надомест. Ако тужителот губи, не е обврзан да го врати авансот.

„Овие финансиски компании им дозволуваат на луѓето кои се повредени во некоја несреќа или оштетени тоа да го искористат и да наплатат на начин кој е побаран“, изјавил еден банкар.

Слично

Поврзани вести