Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сорос фрла милиони долари во кампањата на Хилари Клинтон

Сорос фрла милиони долари во кампањата на Хилари Клинтон

Американскиот милијардер Џорџ Сорос и подарил 6 милиони долари за претседателската кампања на поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон, лидер во борбата за претседателската функција меѓу кандидатите на демократите. Ова го соопшти во неделата телевизискиот канал Си-Ен-Ен.

Според информациите 85-годишниот инвеститор, кој е еден од најистакнатите донатори на Демократската партија, и го дал овој дарежлив подарок во поддршка на кампањата на Клинтон уште во декември минатата година, но тоа станало познато дури сега, откако излегува редовното објавување на информации за средствата собрани од изборниот штаб на Хилари Кринтон.

Во 2008 година Сорос, чие богатство според „Форбс“, изнесува речиси 25 милијарди американски долари, активно ги поддржа претседателските амбиции на тогашниот сенатор Барак Обама. Во јануари предизборната централа на Клинтон соопшти дека таа е во состојба да собере над 110 милиони долари од донации благодарение на своите поддржувачи.

Според локалните медиуми, поранешниот државен секретар троши пари за кампањата речиси со истото темпо со кое ги собира, оставајќи ги далеку зад себе во овој поглед сите други учесници во внатрешните трки во партиите - демократи и републиканци. Во третиот квартал од минатата година предизборниот тим на Клинтон потрошил 25,8 милиони долари. Дури потоа им останале речиси 33 милиони. Оттогаш сумата се зголемила значително.

Најблискиот ривал на Клинтон за претседателската трка меѓу демократите, сенаторот Берни Сандерс од Вермонт, собра за потребите на кампањата на крајот на минатата година повеќе од 70 милиони долари. Конечната одлука за номинација меѓу демократите ќе биде донесена на конгресот на партијата во крајот на јули во Филаделфија (Пенсилванија). Името на новиот шеф на државата ќе стане познато по изборите на 8 ноември.

Слично

Поврзани вести