Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници
Дури 11.000 евра месечна плата нуди ресторан во Германија кој веќе некое време има проблем со наоѓање работници.
Филип и Кристин фон Стум се сопственици на стара дрвена фарма со ресторан каде се одржуваат свадби и семинари.
„11.000 евра. Отсега натаму“, забележаа тие во огласот во Содерсторф, Долна Саксонија, пренесува Fenix Magazine.
Теоретски, изјави Филип фон Штум за германските медиуми, тие можат да организираат 50 свадби овде секоја година. Има доволно интерес, но нема доволно работна сила. Поради ова, може да одржи само помеѓу 10 и 15 свадби годишно.
Примерот на ресторан од Долна Саксонија не е единствениот. Во Германија во јуни имаше 33.160 слободни работни места во угостителството, додека Дехога, организација која обединува професионалци во угостителството, претпоставува дека има недостиг од двојно повеќе квалификувани работници.
Во Германија има недостиг од повеќе од 66.000 готвачи, помошници во кујна, келнери и друг сервисен персонал. Поради недостиг на персонал, рестораните воведуваат повеќе слободни денови за работниците и ги скратуваат нивните менија и/или работното време.
Не недостига побарувачка, институтот Ifo неодамна заклучи дека угостителската индустрија во Германија е во пораст, но иако индустријата оди добро, премалку луѓе сакаат да работат таму. Напротив, многумина заминуваат и не се гледаат себеси во туристичката индустрија на долг рок.
„Во хотелот на еден колега, целиот тим од кујната дал отказ за една недела“, вели синдикалецот Себастијан Риснер, а пренесува „Нова.рс“.
ФОТО: Unsplash/Loiis Hansel
