Сопственикот на Изи Џет отвара ланец на супермаркети
Сопственикот на нискобуџетната авионска компанија Изи Џет, покренува ланец на супермаркети, кој е замислен како конкуренција на дисконтите како Алди и Лидл. Изи групата на британски бизнисмен со кипарско потекло Стелиос ХаџиЛонуа, на кој припаѓа нискобуџетната авионска компанија Изиџет, планира да отвори ланец на супермаркети Изифудстор, објавено е на сајтот easyfoodstore.com. Првиот пилот супермаркет се планира во приземјето на 9 катница во лондонскиот крај Кројдон. Во зградата која во целост припаѓа на Изи групата, ќе се отвори и ресторан и теретана, а два спрата ќе можат да се изнајмат за канцеларии, пренесоа медиумите.
Слично
