Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственици на раскошни вили под лупа на властите во Кипар

Сопственици на раскошни вили под лупа на властите во Кипар

Околу  2.000 физички и правни лица сопственици на милионски вредни градби, а најмногу вили ќе  проверуваат властите во Кипар. На тапет ќе бидат оние чија површина надминува 400 квадратни метри, соопшти весникот „Филелефтерос“.

Инспекторите ќе гледаат дали становите се изградени и закупени на законски начин и дали притоа немало перење пари.

Ќе се истражува, исто така, дали сопствениците имаат даночно досие и дали поднеле даночни пријави.

Под лупа ќе бидат ставени имотите изградени до пред шест години. Ќе се бара дали нивните сопственици имаат одобренија за градба, издадени од 1 јануари 2007 до 31 август 2012 година.

Илјада лица и фирми се повикани од властите да ги презентираат неопходните документи за поседување на имотите, а други илјада лица и фирми се повикани за само еден имот, чија површина надминува 500 метри квадратни.

Слично

Поврзани вести