СЕЛМА ХАЕК ПОГОДЕНА ОД ПОЖАРОТ ВО НОТР ДАМ: Нејзиниот маж милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова
Француската група LVMH и семејството Арно ќе донираат 200 милиони евра во фондот за реставрација на опустошената катедрала Нотр Дам во Париз.
Францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, изјави дека неговото семејство ќе им обезбеди 100 милиони евра помош за поправка на катедралата, која беше уништена во синоќешниот пожар.
"Татко ми и јас решивме да донираме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам", рече Пино, сопругот на холивудската актерка Селма Хаек, пренесува Танјуг.
Пино е на чело на компанијата Kering, која е сопственик на познати брендови како што се Гучи и Сент Лорен и претседател на компанијата која е сопственик на познатата аукциска куќа Кристи.
Неговата сопруга пак сподели на Instagram дека, како и многу други, била длабоко шокирана и тажна за да види како убавината на Нотр Дам се претворила во чад.
"Те сакам, Париз", напиша Хаек.