Сопругата на принц Хари ги одбива услугите на кралските лекари
Извор близок до војвотката на Сасекс, вели дека Меган и Хари сакаат порудувањето на нивното прво дете да го направи женски лекар.
37 годишната Меган направи изненадувачка
одлука за претстојното раѓање на нејзиното прво дете. Сопругата на принцот Хари
одби да се довери на грижата на лекарите на Кралицата Елизабета Втора, кои ги опиша
како "мажи во костуми", пишува БГНЕС .
Гинеколозите најдобри експерти за високоризични
бремености, биле лекарите кои ја породија војводката на Кембриџ Кејт со трите
деца, но никој од нив нема да
присуствува на раѓањето на Меган, која "љубезно" одбила нивните
услуги.
Се разбира лекарите на кралицата по протокол не
можат да бидат целосно исклучени од раѓањето и веројатно по протокол ќе
интервенираат "во случај доколку нешто тргне наопаку".
Извор близок до војводката на Сасекс, изјави дека
Меган и Хари не мислат да го испочитуваат и делот од традицијата позирање со
новороденчето пред медиумите веднаш по раѓањето. Според нив, тоа не било
императив, бидејќи бебето нема да е директен наследник на британскиот престол.
Веројатно раѓањето ќе биде најавена со кратка
порака, а подоцна ќе биде објавена слика. Според блиски на Меган таа немала
намера веднаш по раѓањето да стане и да
се облекува официјално за неколку медиумски слики, само затоа што "луѓето
мислат дека треба да го направи."
