Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопругата на Пригожин и ќерка му го посетија неговиот гроб

Сопругата на Пригожин и ќерка му го посетија неговиот гроб

Вдовицата на Евгениј Пригожин, Љубов заедно со ќерката го посетија неговиот гроб еден ден по скромната церемонија по повод погребот во предградието Пороховско во Санкт Петербург.

Сликата од мајката и ќерката е објавена на каналот Телеграм.  Павел, синот на Пригожин и самиот се бореше во „Вагнер“ во Сирија за што доби награда Црн Крст. Тој сега ја води компанијата „Лахта Плаза“, која доставува рударска и шумарска опрема за компании во Африка. Ќерките на Пригожин се викаат Полина и Вероника.

Кремљ објави дека истрагата за авионската несреќа во која загина шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин во средата, ја вклучува можноста дека несреќата е намерно предизвикана.

Белата куќа синоќа излезе со претпоставка дека Кремљ е одговорен за смртта на Евгениј Пригожин.

Сопругата на Пригожин поседува повеќе фирми. 

foto rotondamedia

Слично

Поврзани вести