Сопругата на Нетанјаху ќе биде обвинета за проневера на државни пари
Израелскиот весник Харец информира дека врз база на нивни доверливи извори се подготвува обвинение против Сара Нетанјаху која е трета сопруга на актуелниот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за проневера на државни пари во износ од 100.000 евра.
Сара водела луксузни забави во премиерската резиденција, правела огромни трошоци и ангажирала луѓе надвор од сите стандардни протоколи. Луѓето кои биле ангажирани по барање на сопругата на израелскиот премиер биле партиски членови и добивале превисоки хонорари како директна форма на корупција.
Бенјамин Нетанјаху кој и самиот се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреби стои зад својата сопруга и вели дека постојано се под закана бидејќи не само опозицијата туку и членови на неговата партија со години сакаат да го соборат и дека не се виновни за никакви коруптивни активности.
Токму во овој период во Израел на официјална посета е македонскиот премиер Зоран Заев кој ќе оствари средба со Нетанјаху.
