СОПРУГАТА НА МИЛИЈАРДЕРОТ БАФЕТ СЕ ПОЖАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА КАФЕТО: Едвај плати 4 долари и промрморе: „За таа цена можам да добијам половина литар“
Сопругата на легендарниот инвеститор Ворен Бафет се пожали
на годишниот „летен камп на милијардери“ на Allen & Co затоа што треба да
плати четири долари за шолја кафе.
Астрид Бафет, чиј сопруг, 92-годишниот претседател на Беркшир Хатавеј, вреди повеќе од 115 милијарди долари, се пожали дека за таа сума може да добие половина литар кафе на места со поповолни цени.
И покрај своето богатство, Ворен Бафет има репутација и на штедлив човек, со оглед на тоа што живее во истата куќа во Омаха, која ја купил за 31.500 долари во 1958 година. Тој, исто така, наводно собира купони за попуст, купува автомобили оштетени од град со попуст и купува појадок во Мекдоналдс.
NY Post потврдува дека шолја кафе од 4 долари е најевтино на тој камп, бидејќи ладен пијалок чини 5,50 долари, додека специјалните пијалоци, како што е „Trail of Fire“, кој содржи две шолји еспресо со темно чоколадо, кајен , цимет, со морско оревче и млеко на пареа, чинат и до 6 долари.
Астрид, чие моминско презиме е Менкс, редовно го придружува својот сопруг на конференции. Ворен Бафет и Астрид Менкс се венчаа во 2006 година, кога тој имаше 76, а таа 60. Двојката почна да се забавува неколку децении порано, додека Бафет сè уште беше во брак со својата прва сопруга Сузан Томпсон.
Томпсон, која почина во 2004 година, беше свесна за врската и ѝ даде благослов.
ФОТО: YouTube/Print Screen
