СООБРАЌАЕН КОЛАПС: Хаос во Чешка поради ниските температури!
Во Чешка поради зимското невреме дошло до колапс во железничкиот сообраќај и функционирање на трамваите ширум земјата, поради вчерашните врнежи, а потоа поради наглото опаѓање на температурите кои го замрзнале контактот на мрежата.
Чешката железничка соопштила дека ова пореметување во сообраќајот ја погодило целата држава, вклучувајќи ја една од најважните линии која ја поврзува престолнината Прага со истокот на земјата.
Радио станиците пренесуваат дека некои патници поминале цела ноќ во возовите кои биле заглавени во место поради падот на контактната мрежа.
Покрај тоа, дошло до пореметување на трамвајскиот сообраќај во Прага а се очекува трамваите да не возат уште неколку часови.
Чешката Метеоролошка служба предупредила дека невообичаено ниските температури ќе се задржат се до вечерта.
