Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајот на „Луфтханза“ се нормализира по 4-дневниот штрајк на пилотите

Сообраќајот на „Луфтханза“ се нормализира по 4-дневниот штрајк на пилотите

Авиокомпанија  „Луфтханза“ денеска најави дека сообраќајот e речиси нормализираn по четиридневниот штрајк на пилотите на превозникот, кои се противат на подготвeните реформи на нивните услови за пензионирање.

Летовите на кратки и средни растојанија се одвиваа нормално денес, но ограничен број летови на долги растојанија мораше да бидат откажани, прецизира портпаролот на Луфтханза.

Синдикатот на пилотите во средата повика првично за 24-часовен штрајк. Потоа сепак тој беше продолжен уште четири дена.

Вкупно 220 000 патници беа погодени од протестното движење, покажуваат податоците на авиопревозникот.

Ова е 12-ти и најдолг штрајк на пилотите чиј протест почна во април минатата година.

Синдикатот на пилотите се борат со месеци да го принудат германскиот авиопревозник да ја задржи шемата за предвремено пензионирање. Таа им овозможува на пилотите да одат во пензија на 55 години и да продолжат да добиваат 60 проценти од платата, додека не почне исплатата на државната пензија. Пилотите на компанијата се загрижени и од желбата на  „Луфтханза“ да се развива во нискотарифните превози, каде се соочува со силна конкуренција.

Слично

Поврзани вести