Економија, финансии, бизнис

Контакт

Sony ќе отпушта 154 работници во Франција

Sony ќе отпушта 154 работници во Франција
Фабриката на „Sony“ во францускиот град Рибовиле, ќе укине 154 работни места до крајот на годината, соопшти раководството на фабриката. Ваквиот потег е во рамките на продажбата на француската компанија „Сordon Еlectronics“, која е во тек. Планираното отпуштање се однесува само на помошните услуги, логистиката, продажбата и администрацијата. Раководството на „Sony“ во Франција потврди дека пред се ќе бидат земени во предвид барањата за заминување на доброволна база. Претставниците на синдикатот објаснуваат дека преговорите за отпуштањата ќе бидат завршени за три месеци, отприлика до крајот на годината или најдоцна до почетокот на 2014-та година.  
Слично

Поврзани вести