Сонцето иднина за Франција, се удвојува производство на зелена енергија
Франција планира да ги удвои капацитетите за производство на соларна енергија. Според планот кој го обелодени Владата, производството на соларна енергија треба да достигне илјада мегавати, а цената на вака добиената електрична енергија ќе биде откупувана за десет отсто поскапо во споредба со класичната енергија.
Според француската министерка за енергија Делфин Батоа, зголемувањето на капацитетите за производство на соларна енергија ќе доведат до инвестиции во износ од две милијарди евра во овој сектор.
Со планот се предвидува субвенциите за купување на поскапата соларна електрична енергија од малите фотоволтаични фарми, да важи само кога инсталираните сончеви колектори се изработени во Европа.
Секторот на соларната енергија за само две години во Франција загуби 15.000 работни места, откако беа намалени субвенциите на француската Влада за развојот на овој сектор.
Слично
