Сони продаде зграда во Токио за 1,2 милјарди долари
Jапонскиот гигант во областа на електрониката „Сони“ продаде една од своите главни згради во Токио за 1,2 милијарди долари, со цел да го подобри на лошиот биланс на состојбата.
Компанијата претходно во јануари најави продажба на своето американско седиште во Менхетен за над милијарда долари, а овој месец продаде и дел од својата онлајн филијала од медицинскиот сектор.
„Сони“ наведе дека продал зграда од 25 спрата во Токио на градежната фондација „Нипон“ и неименуван инвеститор за 111 милијарди јени (1,2 милијарди долари).
Слично
