Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОМНИТЕЛНО ПОТРОШЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДОНАЦИИ - скандал го стресе Ватикан, папата со драстичен потег

СОМНИТЕЛНО ПОТРОШЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДОНАЦИИ - скандал го стресе Ватикан, папата со драстичен потег

Драстичен потег повлекол папата Франциско. Тој, како што пишуваат медиумите, и формално го лишил државниот секретаријат на Ватикан од финансиски имоти и недвижнини, откако стотина милиони евра донации и инвестиции станале предмет на истрага за корупција.

Во текот на викендот поглаварот на Ватикан потпишал нов закон со кој му се наложува на државниот секретаријат да го заврши преносот на своите поседи на друга ватиканска канцеларија до 4-ти февруари, објави „AП”, пренесува „Танјуг”.

Законот, исто така, бара со сите донации за папата и другите донации со кои управува државниот секретаријат, да управува канцеларијата на трезорот на Ватикан, како посебните фондови кои се книжат во консолидираниот буџет на Светата Столица.

Промените се одговори на спиралната ватинска кривична истрага за долгогодишните наводи дека државниот секретаријат на Ватикан лошо управува со донациите и вложувањата, што резултирало со загуби во износ од повеќе од десетина милиони евра во време на финансиска криза во Ватикан.

Ватиканското обвинителство истражува зошто и како ватиканскиот секретаријат вложил 350 милиони евра во луксузна резиденцијална зграда во Челси, во престижниот дел на Лондон, како и други шпекулантски фоднови.

Слично

Поврзани вести