СОМНИТЕЛЕН ПРЕДМЕТ ГИ ЗАТВОРИ „СТАДИОНОТ НА ФРАНЦИЈА“ И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Се чекаат специјалци за деминирање
Поради сомнителен
предмет париската полиција денеска го затвори најголемиот стадион, „Стадионот на Франција“ во предградието
Сен Дени, а затворена е и блиската железничка станица, јавуваат светските
медиуми, пренесува Euronews.
Според порталите Сан и Билд, француската полиција пронашла сомнителен предмет и чека да пристигне специјален одред за деминирање.
На посетителите им е забранет влез на стадионот, каде што вчера се одржаа дел олимписките натпревари. Како мерка на претпазливост затворена е и железничката станица Порт де Париз.
Инаку, овоја стадион е изграден во 1998 за Свеѕтското фудбалско првенство и има капацитет за 80.000 луѓе.
фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Слично
