Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОМНИТЕЛЕН ПАТНИК? Потрагата по малезискиот авион продолжува

СОМНИТЕЛЕН ПАТНИК? Потрагата по малезискиот авион продолжува
Покрај двајцата пилоти на исчезнатиот малезиски авион Боинг 777-200, истражните органи проверуваат и еден од патниците поради сомнение дека би можел на некој начин да биде поврзан со киднапирањето на леталото. Според полициски извори, 29-годишниот Мохд Каирул Амри Селамат по професија бил авиоинжинер и би можел да има детални познавања за авионската технологија и начините за онеспособување на системите за комуникација на авионот. Се проверуваат и останатите патници, нивната поврзаност и вештини за управување со авион. Каирул се специјализирал за помали деловни авиони, па не е сигурно дека бил доволно стручен за големиот патнички авион. Тој бил вработен во швајцарска компанија Execujet Aviation Group, која уште не потврдила дали тој работел за нив и во времето на несреќата. Инаку Австралија го прифати барањето на малезиската Влада да ја преземе надлежноста за потрагата по исчезнатиот авион во јужниот вектор на Тихиот Океан. Малезија побара помош за испитување на една од можните рути кон кои се упатил авионот затоа што јужните делови на Тихиот Океан се едни од најзафрлените подрачја, со најголема длабочина на водата, што за потрагата претставува голем предизвик. Се пребарува и северниот вектор кој се протега од Тајланд, Кина, Индија, Пакистан, па сé до централна Азија. Но, потрагата засега не дава никакви резултати.
Слично

Поврзани вести