СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ НА АЕРОДРОМ во Шведска: Повикана специјалната служба за деактивирање на бомби
Обезбедувањето на аеродромот во Арланд во Шведската престолнина Стокхлом повикала специјална служба за деактивација на бомби, веднаш штом бил пронајден сомнителниот пакет, соопштила денеска полицијата.
„Проценето е експерти да погледнат за што станува збор пред да го тргнеме пакетот“, соопштила полицијата, додавајќи дека на лице место стигнале и други тимови.
Во соопштението се наведува дека пакетот е пронајден во канта за ѓубре пред аеродромската зграда, во близина на гаража.
Полицијата го затворила тој дел од аеродромот.
Управата на аеродромот соопштила дека оваа мерка на безбедност нема да го промени воздушниот сообрќај или работата на терминалот, пренесуваат светски медиуми.
Слично
