Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сомалиските пирати за седум години заработиле околу 400 милиони долари

Сомалиските пирати за седум години заработиле околу 400 милиони долари
Сомалиските пирати во периодот од 2005 до 2012 година заработиле помеѓу 339 и 413 милиони долари се проценките на најновите студии на Светската банка, Обединетите нации и Интерпол. Студијата открива дека тие пари се користат за финансирање на широк спектар на криминални активности, на глобално ниво. Студијата „PirateTrails‘‘ како извор на податоци, ги користи информациите добиени од поранешни пирати, владини претставници ,банкари и сите други кои се вклучени во борбата против оваа активност. Се тврди дека парите „заработени‘‘ на овој начин ,се инвестираат во разни леглни и нелегални активности. Всушност поголемиот дел  од откупот , не го добиваат самите гусари , туку нивните  финансиери, кои добиват од 35-75% од парите . „Пиратеријата  е закана не само за стабилноста и сигурноста, туку може да ја  загрози и регионалната и меѓународната економија ‘‘ изјави Stuart Yikona, од Светската Банка. Пиратеријата носи дополнителни трошоци во меѓународната трговија, која се проценува на 18 $ милијарди долари годишно.  
Слично

Поврзани вести