Сомалиец го убил британскиот пратеник-десничар
Убиството на пратеникот Дејвид Ејмс вчера во Есекс е прогласено за терористички напад, потврди британската полиција.
Истрагата открила потенцијален мотив поврзан со исламистичкиот екстремизам, а за уапсениот убиец се открива дека е Сомалиец.
Пратеникот од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон беше избоден повеќепати во напад вчера попладне во Методистичка црква во местото Лиј, источно од Лондон.
Полицијата не го открива идентитетот на осомничениот, чиј нож од нападот е пронајден, но според Sky News, уапсениот маж е британски државјанин со сомалиско потекло.
Слично
