„Солар импулс 2“ слета во Оман со еден час задоцнување
Швајцарскиот авион на соларни батерии „Солар импулс 2“ слета во Оман со еден час задоцнување од планираното.
Сонцето изгреа во Абу Даби и со неговите први зраци авионот „Солар импулс 2“ се упати на првото патување околу светот со леталото во воздухот кое се напојува само од енергијата што Сонцето му ја дава.
Авионот, пилотиран од Швајцарецот Андре Боршберг, се одвоил од пистата на аеродромот во главниот град на ОАЕ и се насочил кон главниот град на Оман во 7.12 часот по локално време. Претходно беше објавено дека летот ќе трае 12 часа.
Од главниот град на Оман авионот треба да отпатува за Индија, а потоа продолжува кон Кина, САД и Европа. Патувањето ќе трае околу пет месеци, за време на кое машината, напојувана од сонцето, ќе прелета 35 000 км.
„Солар импулс 2“, е конструиран во Швајцарија, а е подобрена верзија на авионот „Солар импулс“ и има зголемени димензии. Растојанието на крилата му е 72 метри, а тежината - околу 2,3 тони. Во него има 17 000 соларни ќелии. Погон со соларна енергија со кои авионот ќе прелета над Индија, Кина, Њујорк и над Медитеранот, пред да стигне на појдовна точка во Абу Даби.
[button color="blue" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/09/foto-avion-na-solarni-baterii-se-upati-na-svojot-prv-let-okolu-svetot/" target="blank" ](ФОТО) Авион на соларни батерии се упати на својот прв лет околу светот[/button]
