Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЈУЗНИКОТ ГО „ИЗДАДЕ“ САД: Со кој Иран ќе развива нафтено поле ?

СОЈУЗНИКОТ ГО „ИЗДАДЕ“ САД: Со кој Иран ќе развива нафтено поле ?

Иран потпиша договор со еден британски конзорциум за развој на нафтеното поле на југот на таа земја, пренесе иранската државна телевизија.

Тој договор е прв кој е постигнат помеѓу Иран и еден клучен западен сојузник на САД откако Вашингон минатата недела соопшти дека ќе се повлече од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година со Иран.

Вршителот на должност директор на конзорциумот Пергас, Колин Раули и вршителот на должност директор на Иранската национална нафтена компанија Бизан Алипур потпишале синоќа прелиминарен договор за партнерство, во присуство на британскиот амбасадор во Техеран, Роб Макеир.

За тој проект се потребни повеќе од милијарда долари за производство на 200 000 барели сурова нафта дневно во текот на наредната деценија на нафтеното поле Каранџ, наведува агенцијата АП.

Слично

Поврзани вести