Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сојот откриен во Кент ќе стане доминантен во светот

Сојот откриен во Кент ќе стане доминантен во светот

Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен и ќе се прошири во целиот свет. 

Шерон Пикок, директорка на британската програма за генетски надзор, oбјаснува дека новиот вид коронавирус, кој за првпат е откриен во Кент, ќе стане доминантен во светот. Но, рече дека досега сите вакцини регистрирани во земјата се покажале ефикасни против oвој вид. Пикок  потврди за Би-би-си дека новиот вид се проширил во Велика Британија и досега е потврден во повеќе од 50 држави. 

Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, соопшти дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирус кој го нарекуваат супер сој.

Британскиот сој беше откриен во декември 2020 година и тој стана доминантен вид во последниот месец, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени токму со оваа мутација на коронавирусот.

Ширењето на различни соеви на вирусот корона нема да предизвика нов бран на пандемијата, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.

foto freepik

Слично

Поврзани вести