Сојот на коронавирусот кој се појави во Колумбија може да биде поопасен од делта
Сојот на коронавирусот кој се појави во Колумбија може да биде поопасен од делта сојот.
Сојот „Му“ може да го надмине делта-сојот во својата заразност, а сè уште не се знае дали сегашните достапни вакцини ќе можат да одговорат на оваа мутација, пишува МИА. Европската агенција за лекови ЕМА соопшти дека варијантата „Му“ позната и како Б. 1.621 е „причина за загриженост“.
Сојот „Му“ беше првпат откриен во Колумбија, а оттогаш се познати пет мутации на истиот „Му“.
Регулаторот со седиште во Амстердам што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со сојот „Му“.
Делта-сојот кој за неполна година речиси го замени основниот вид на корона и го воведе светот во нова пандемија има повеќе шилци во неговиот протеин со што подобро се закачува и се шири во клетките на домаќинот, поотпорен е на вакцини и ќе ви требаат повеќе антитела да го совладате, вели најнова студија од Кембриџ објавена во „Природа“, пишува IFL Science.
foto unsplash.com
