Економија, финансии, бизнис

Контакт

Социјалната мрежа на Трамп во функција од февруари

Социјалната мрежа на Трамп во функција од февруари

Социјалната мрежа на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе почне да функционира на 21 февруари, односно на „Денот на претседателот“, што е секој трет понеделник во февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Оваа мрежа е замислена алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Платформата ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите  уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења. 

Слично

Поврзани вести