Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Societe Generale“: Златото ќе поевтинува!

„Societe Generale“: Златото ќе поевтинува!
Во изминатите 20 години златото покажува нула корелација со акциите и обврзниците и затоа металот стана омилен избор посочуваат експертите од „Societe Generale“. Аналитичарите на „Societe Generale“ Ален Бокобза и Ролан Калојан сметаат дека, сепак „Златната треска е завршена". Златото во моментов се тргува далеку под 52-неделниот врв од 1 802 долари за унца, а двајцата аналитичари очекуваат цената да падне за 15% до 1 375 долари за унца до крајот на годината. Тоа е сосема сптоти вно тврдење од очекувањата на повеќето аналитичари кои прогнозираат цена за 30% повисока од онаа на Societe Generale или 1 750 долари за унца. Во веќе објавениотизвештај годинава двајцата аналитичари од „Societe Generale“ пишуваат дека очекуваат златото да поевтини поради повеќе основни причини како поскапиот американски долар,  повисоките реални каматни стапки,  одливот од берзанско тргување со благородни метали и намалување на средствата од фондовитекои во злато.
Слично

Поврзани вести