Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соборувањето на малезискиот авион ќе се третира како воено злосторство?

Соборувањето на малезискиот авион ќе се третира како воено злосторство?
Соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ 17 во источна Украина би можело да се третира како воено злосторство, вели високата комесарка за човекови права на Обединетите нации Нави Пилај. „Ова кршење на меѓународните закони би можело да биде третирано како воено злосторство“, изјави Пилај за соборувањето на цивилниот авион во кој загинаа 298 луѓе. Според високата комесарка на Обединетите нации, интензивните борби во регионот на Доњецк и Луганск се многу алармантни и додала дека спротивставените страни употребуваат тешко вооружување во населени подрачја. Истрагата околу одговорните за соборување на малезискиот авион сеуште трае. „Црните кутии“ од авионот се анализираат во Велика Британија.  
Слично

Поврзани вести