Соборната црква на Србите во Виена ставена во карантин
Пандемијата на коронавирус не ги заобиколи свештениците на австриско-швајцарската епархија во Виена, меѓу кои има и неколку позитивни од ковид-19.
Управата на Соборниот храм Свети Сава во Виена ги извести сите верници дека црквата ќе биде затворена до 1 август.
Причината за карантинот е поради позитивните тестови на коронавирус од страна на повеќе од половина од црковните свештеници.
Администрацијата на храмот ги повика сите верници кои биле на литургии на 7 и 12 јули да се јават на бројот 1450 и да се тестираат.
„Ги повикуваме верниците да го сторат тоа, бидејќи тоа е наша должност. Му се молиме на Бога овој кризен период да помине што е можно поскоро“, се вели во прогласувањето.
Општопознато е дека во Виена живее гоема српска заедница на емигранти.
Слично
