СОБОРЕНИ СЕ ПЕТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕР - украинското Mинистерство за одбрана вели дека даваат достоен одговор
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека соборило пет руски авиони и еден хеликоптер во соопштение објавено на својата Фејсбук страница.
Според Здружената команда на силите, денеска на 24 февруари биле соборени 5 авиони и хеликоптер на агресорот.
Здружените сили им даваат достоен одговор на вооружените сили на Руската Федерација. Воените единици се на своите позиции. Непријателот презема загуби.
Останете смирени и верувајте во украинските дефанзивци. Заедно ќе победиме! Слава на Украина!“
Руската војска демантираше дека еден од нејзините авиони бил соборен во борбите над Украина утринава.
Инаку, западните лидери го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин додека Русија започнува со напади врз Украина.
Западните лидери одговорија со бес на Русија која започна воени напади врз украинските градови и ветија дека ќе го повикаат Кремљ на одговорност со зајакнати санкции и други мерки.
Набргу по објавувањето на извештаите за експлозии во близина на Киев, американскиот претседател Џо Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека избрал „војна со предумисла која ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечко страдање“.
„Молитвите на светот се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“, рече тој.
Извор: Гардијан