Соборен украински борбен авион
Украински борбен авион е соборен со помош на рускиот противвоздушен систем на истокот од Украина, каде украинските сили се борат со проруските активисти, ссопшти денеска украинската војска.
„Руски противвоздушен систем го собори борбениот авион Su-25. Пилотот усоеал да се катапултира“ се наведува во соопштението на украинската војска, во кое не е прецизирана локацијата каде инцидентот се случил, но се наведува дека авионот е соборен вчера утрото, пренесува АФП.
Во соопштението се негираат тврдењата на проруските активисти дека се соборени четири украински авиони.
Слично
