Собираат борци за Исламска држава преку Фејсбук!
При спроведување на законот во Малезија откриле над 500 лични страници на социјалната мрежа „Фејсбук“, кои биле користени за собирање на борци за екстремистичката група „Исламска држава“ (ИД), соопштуваат агенциите .
Сите профили на граѓани на земјата до овој момент се уште се активни, соопшти првиот заменик-шеф на локалниот полициски оддел за борба против тероризмот Аиоб Хан.
Според него таму била објавена информација, ИД е претставена како „мировна организација под раководство на калифот Абу Бакр ал Багдади“ (шефот на ИД). Освен тоа потпаролот на полицијата изјавил дека „еден од граѓаните на Малезија, кој се наоѓа на Блискиот Исток, има пратено запис во кој им се заканува на членовите на семејството, ако тие не соработуваат“.
„И покрај континуираните оперативни активности, бројот на регрутирани исламисти не се намалува“, признава Аиоб Хан. Според него, во првата половина на минатата година 30 Малезијци заминале за Сирија да се борат на страната на ИД.
На крајот на годината вкупниот број порасна на 61 лица. Покрај тоа додал тој, „се менува тактиката за бирање: се врбува целото семејство ... и тоа е многу загрижувачки сигнал“, изјавил еден службеник.
Општо земено, според разузнавачките агенции, над 300 лица од југоисточна Азија се приклучиле на екстремистите во Сирија.
