Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ ПАРИ ЌЕ СЕ ОБНОВУВА УКРАИНА: Москва ова го прифатила?

СО ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ ПАРИ ЌЕ СЕ ОБНОВУВА УКРАИНА: Москва ова го прифатила?

Со замрзнати руски средства ќе се обновува Украина, а Москва се согласила, но поставила услови. 

Русија ќе инсистира дел од парите да се потрошат на една петтина од територијата на земјата контролирана од руските сили, изјавија три извори за Ројтерс.

Еден од изворите изјави за Ројтерс дека Русија може да прифати до две третини од средствата да се користат за реконструкција во Украина, но под услов да има јасни гаранции за тоа како ќе се користат средствата. Преостанатиот дел би отишол на териториите под контрола на Русија.

Друг извор наведува дека Москва е подготвена да прифати употреба на замрзнати средства за обнова на Украина, но дека е рано да се зборува за точниот начин на распределба. Кремљ не ги коментираше овие наводи.

Но, украинските војници не очекуваат брзо завршување на војната. 

Војниците рекоа дека малку веруваат во тековните мировни напори и не гледаат крај на борбите.

„Меѓу нас има многу патриоти – ние сме потомци на Козаците. Ќе се бориме до крај“ рекол „Аладин“, кој ги обучувал војниците. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести