Со закон ќе се ограничуваат банкарските бонуси
Европскиот парламент денеска гласаше за финансиски реформи, усвојувајќи го новиот закон за ограничување на банкарските бонуси.
Со овој пропис банкарските бонуси ќе бидат ограничени на износ еднаков на основната годишна плата, додека исплатите на двојно поголеми бонуси ќе биде можна само ако со тоа се согласат повеќето акционери на банката, пренесуваат американските медиуми.
Законот ќе стапи во сила следната година и ќе важи и за европските филијали на странските банки и за вработените во европските банки кои делуваат во странство, како на пример, во Њујорк.
Законодавците во Стразбур со големо мнозинство го поддржаа законот и усвоија пакет финансиски закони што банките во ЕУ ќе ги присилат да го золемат своето ниво на капитал.
-Со помош на денешната одлука сакаме банките да ги направиме далеку поотпорни на кризата, така што веќе нема да мораат да се спасуваат со пари на даночните обврзници, изјави конзервативниот член на ЕП Отмар Карас.
Новите реформи, соддржани во документ од 1.000 страници, исто така, го поставуваат темелот за основање на единствено банкарско надзорно тело во еврозоната, што ќе претставува пресвртница во борбата на еврозоната против должничката криза.
